„Некогаш чинеа 5, а сега 400 евра“ – Новите сандали на Gucci, инспирирани од југословенските, се хит на Твитер

„Кога на сандалите од поранешна Југославија ќе го ставиш овој знак, цената расте на 400 евра“ – коментираат твитерџиите за новиот модел пластични сандали што се лансирани од модниот бренд Gucci.

nekogash-chinea-5-a-sega-400-evra-novite-sandali-na-gucci-inspirirani-od-jugoslovenskite-se-hit-na-tviter-01.jpg

Модната куќа Gucci го покажа новиот модел пластични сандали за ова лето што во голема мера потсетува на пластичните сандали што масовно се носеа во периодот на 80-тите и 90-тите години во поранешна Југославија, а се произведуваа во фабриката Jugoplastika во Сплит.

nekogash-chinea-5-a-sega-400-evra-novite-sandali-na-gucci-inspirirani-od-jugoslovenskite-se-hit-na-tviter-03.jpg

Доколку сте носталгични за пластичните сандали што се носеа во времето на поранешна Југославија и без кои не можеше да се замисли ниту еден одмор, сега можете истите да ги набавите со знак на светски познатиот моден бренд Gucci, но, за нив ќе треба да издвоите 400 евра.

Оние што ги носеле во минатото се сеќаваат дека тие беа одлична одбрана од морски ежеви и совршени за газење на плажи со камења, но речиси сите имаат трауми од плускавци на нозете и непријатна миризба од пластиката.

nekogash-chinea-5-a-sega-400-evra-novite-sandali-na-gucci-inspirirani-od-jugoslovenskite-se-hit-na-tviter-04.jpg

Беа застапени во повеќе бои, темно сини, розови, жолти (во боја на канаринец), проѕирни, а честопати се случуваше да мора да внимаваш некој по грешка да не ти ги земе од плажа, затоа што сите имавме исти.

Новиот модел на сандали од Gucci станаа хит на социјалните мрежи, а предизвикаа реакции и кај твитерџиите што се сеќаваат на времето кога без Jugoplastika сандали не се одеше на плажа.

„Кога на сандалите од поранешна Југославија ќе го ставиш овој знак, цената расте на 400 евра“ – коментираат твитерџиите за новиот модел пластични сандали што се лансирани од модниот бренд Gucci.

Ми велеа дека сме просечно работничко семејство, а на море одевме со вакви сандали.

За сите ју-носталгичари, Gucci има пластични сандали од Jugoplastika, што чинат 400 евра.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Модниот стил на кралот на трубата Џамбо Агушев - Весели бои, впечатливи палта (фото) Гардероба во весели бои и врвна забава - ова се првите асоцијации за Џамбо Агуше...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg