10 ситници со кои несвесно го уништувате вашиот изглед
Иако патиките се хит и можете да ги комбинирате со многу парчиња облека, сепак не заборавајте дека не изгледаат добро со секоја комбинација.
Секоја девојка и жена сака да изгледа убаво, но ретко која има време да обрнува на секоја ситница од изгледот.
Додека повеќето ситници не прават некоја голема разлика, постојат и оние кои можат целосно да го уништат вашиот изглед.
На кои вакви ситници треба да обрнете внимание?
Носите неколку чанти или торби
Ако со вас треба да понесете повеќе работи, земете поголема чанта, па дури и торба. Но, избегнувајте да носите повеќе чанти или чанта и торба.
Не ја собирате мрсната коса
Фризерите не препорачуваат да ја миеме косата секој ден, па еднаш-двапати во неделата ќе се случи да имаме мрсна коса.
Во овие денови најдобро е да ја соберете косата во опавче или пунџа бидејќи само така ќе изгледа добро.
Носите облека која некогаш била бела
За жал, облеката не трае вечно. Дали поради старост или неправилно перење, некогаш белата облека пожолтува и добива друга нијанса.
Па, ако имате вакво парче, најдобро избегнувајте да го носите.
Облекувате патики со несоодветна облека
Денес патиките се хит и можат да се вклопат во многу комбинации, но не во сите.
На пример, елегантниот фустан никогаш нема да изгледа добро со патики.
Претерувате со проѕирната или разголената облека
Нема ништо лошо ако сакате да покажете повеќе кожа, но не треба да претерувате.
Најдобро е да истакнете само еден дел, како нозете, рамената или деколтето.