Избегнувајте блузи со широки ракави и уште 7 модни совети за девојки со пошироки раце и рамена

Ракавите од тантела и блузите без прерамки во комбинација со впечатлив накит секогаш се добар избор.

izbegnuvajte-bluzi-so-shiroki-rakavi-i-ushte-7-modni-soveti-za-devojki-so-poshiroki-race-i-ramena---01.jpg

Бидејќи сите имаме различно тело, не можеме да очекуваме да изгледаме добро во секоја облека. Додека некои парчиња им стојат подобро на девојки со облини, други се подобар избор за слаби девојки.

Кога одбирате облека, најважното е вие да се чувствувате удобно и убаво во неа и, секако, да ги нагласите атрибутите што вам најмногу ви се допаѓаат.

Важно е да знаете дека нема потреба да криете некој дел од телото. Единствено, треба да земете предвид некои ситници, како крој на здолниште или должина на ракави, кои би изгледале најдобро на вашето тело.

Ако имате пошироки раце и рамена, тогаш сигурно ќе ви се најдат следниве модни совети:

Нема да погрешите со долги ракави од тантела

Блузите со долги ракави од тантела изгледаат елегантно и бидејќи се погодни и за потопло време, некогаш се и подобар избор од блузите без ракави.

izbuegnuvajte-bluzi-so-shiroki-rakavi-i-ushte-7-modni-soveti-za-devojki-so-poshiroki-race-i-ramena-02.jpg

Избегнувајте маички со кратки и широки ракави

Широките ракави само ќе направат вашите рамена и раце да изгледаат пошироко.

Многу подобро ќе ви стојат маички со тесни ракави.

izbuegnuvajte-bluzi-so-shiroki-rakavi-i-ushte-7-modni-soveti-za-devojki-so-poshiroki-race-i-ramena-03.jpg

Дајте им предност на блузите со широки прерамки

Широките прерамки создаваат добра рамнотежа, па се одличен избор ако имате пошироки рамена и раце.

izbuegnuvajte-bluzi-so-shiroki-rakavi-i-ushte-7-modni-soveti-za-devojki-so-poshiroki-race-i-ramena-04.jpg

Наместо со долги, носете блузи со ¾ ракави

Блузите и кошулите со ¾ ракави им стојат беспрекорно на девојките со широки раце и рамена, особено ако имаат поотворена јака.

izbuegnuvajte-bluzi-so-shiroki-rakavi-i-ushte-7-modni-soveti-za-devojki-so-poshiroki-race-i-ramena-05.jpg

Не плашете се да облечете блуза без рамки

Фустаните и блузите без прерамки исто така им стојат одлично на девојките со широки раце.

Ќе изгледате уште подобро ако ги искомбинирате со впечатливи обетки или ланче.

Од друга страна, избегнувајте ги блузите со многу широки ракави и карнери.

izbuegnuvajte-bluzi-so-shiroki-rakavi-i-ushte-7-modni-soveti-za-devojki-so-poshiroki-race-i-ramena-06.jpg

Искористете ја моќта на накитот

Впечатливиот накит ќе изгледа одлично не само со блузите без прерамки, туку и со парчиња како кошули и блузи со долги ракави.

izbuegnuvajte-bluzi-so-shiroki-rakavi-i-ushte-7-modni-soveti-za-devojki-so-poshiroki-race-i-ramena-07.jpg

Асиметричните блузи се одличен избор

Овие блузи им стојат добро на скоро сите, па слободно вметнете ги во вашите комбинации.

izbuegnuvajte-bluzi-so-shiroki-rakavi-i-ushte-7-modni-soveti-za-devojki-so-poshiroki-race-i-ramena-08.jpg

Дајте им предност на блузите со „V“ израз

Овие блузи го истакнуваат деколтето и се одлични за девојки со пошироки раце.

izbuegnuvajte-bluzi-so-shiroki-rakavi-i-ushte-7-modni-soveti-za-devojki-so-poshiroki-race-i-ramena-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg