Како да изгледате модерно и тренди без да давате многу пари за облека и модни додатоци?
И наједноставната комбинација од маичка и фармерки ќе изгледа многу подобро ако ставите и колан.
Секоја девојка си има свој стил и сака да изгледа убаво, но не сите можат често да го обновуваат гардероберот и да даваат многу пари за облека.
Сепак, за да изгледате добро не ви треба цело богатство – доволно е да обрнете внимание на некои ситници за вашите комбинации да изгледаат модерно.
Во продолжение неколку совети што ќе ви помогнат да изгледате одлично без да трошите многу пари:
Носете накит со златна боја
Накитот со златна боја изгледа многу подобро и „поскапо“. Покрај тоа, лесно се вклопува во скоро секоја комбинација.
Носете колан
И наједноставната комбинација од маичка и фармерки може да изгледа многу подобро ако ставите колан.
Носете шапки
Без разлика дали е шешир, беретка или зимска шапка, овој мал детаљ може да ја освежи секоја комбинација. А, денес лесно ќе најдете секакви модели по многу прифатлива цена.