Што да се облече во лето?
Тропските температури на кои сме изложени прават човекот да посака на улица да излезе како од мајка роден. Но рака на срце и така не би го спречиле потењето.
Летото е годишно време во кое е невозможно да се одбере соодветна гардероба, а при тоа и да изгледаме тренди.
Се поставува прашањето дали ако сакаме да изгледаме тренди треба да се има на располагање голема сума на пари?
Не, не мора секогаш да е така, затоа псотои терминот паметен шопинг. Хармонија на квалитет, нешто умешност и материјални можности – тоа се трите основни елементи на паметниот шопинг.
Во средината во која што живееме треба да се стави акцент на мултифункционалноста.
Секогаш треба да се почне со обувките. Приоритет е тие да бидат од природен материјал, најважно е ногата да дише, а при тоа и да се задоволат естетските критериуми. Пронајдете сандали кои можете да ги носите во сите прилики, тоа не е невозможна мисија.
Пантоланите што ќе ги одберете не мора да се сосема едноставни. Секогаш можете да си дозволите минимален излет во дезен или кројка која е во тренд.
Каишот што ќе се носи со пантолоните мора стилски да биде близок и што поедноставен за да може да се комбинира со различни делови од гардеробата и разни детали.
Во вечерните варијанти кои што подразбираат дискотеки или кафе, секогаш можете да одберете некоја маица која што ќе ве расположи и вас и секој што случајно или намерно ќе ве погледне.
Доколку денот или вечерта отстапуваат од она што го очекувае ова лето, еден добар дуксер ќе го реши проблемот.
На крајот, треба да се каже дека мозокот е единствената работа која дефинитивно никогаш не излегува од мода.