10 класични парчиња облека кои се хит со децении (а и денес)

Фустан со крагна

Фустаните со интересна јака почнуваат да се прославуваат во 1960-тите, а подоцна, благодарение на принцезата Дијана, стануваат вистински хит.

Овие фустани се популарни и денес и скоро секоја сезона дизајнерите имаат по некој ваков модел во нивните колекции.

10-klasichni-parchinja-obleka-koi-se-hit-so-decenii-08.jpg

Свилена марама околу вратот

Се верува дека францускиот бренд Hermes е најодговорен за популарноста на свилените марами кои се носат околу вратот.

Како и денес, порано шаловите се носеле од практични причини, но француската модна куќа пробала да ги претвори во впечатлив моден детаљ. Па, во 190-тиот век почнуваат да прават свилени марами кои би требало да го заменат шалот.

10-klasichni-parchinja-obleka-koi-se-hit-so-decenii-09.JPG

Денес овие марами се синоним за елеганција.

10-klasichni-parchinja-obleka-koi-se-hit-so-decenii-10.JPG

Ѕвонарки

Тесните фармерки чии ногавици се прошируваат на долниот дел станаа најпопуларни во 1960-тите, благодарение на хипи движењето.

Овие фармерки многупати исчезнувале и се враќале на модната сцена, а последните година-две повторно се хит.

10-klasichni-parchinja-obleka-koi-se-hit-so-decenii-11.jpg

Костим

На некој начин, костимот е симбол на борбата за женските права. Во минатото кога жените биле условувани од општеството во врска со нивната облека, костимите им биле како еден вид бунт против овие забрани.

10-klasichni-parchinja-obleka-koi-se-hit-so-decenii-12.JPG

Со текот на времето, костимот стана симбол за жена која работи и која може самата да се грижи за себе.

10-klasichni-parchinja-obleka-koi-se-hit-so-decenii-13.JPG

Бела кошула

Уште едно парче облека за кое треба да им е заблагодариме на холивудските ѕвезди. Мерилин Монро е само една од многуте актерки кои со задоволство носеа бели кошули во нивните филмови, со тоа правејќи ги едно од најпосакуваните парчиња облека.

Денес постојат разни модели на бели кошули и секоја жена има барем една.

10-klasichni-parchinja-obleka-koi-se-hit-so-decenii-14.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg