10 класични парчиња облека кои се хит со децении (а и денес)
Поради таканаречената брза мода, трендовите се менуваат не само секоја сезона, туку неретко и секој месец.
Но некои трендови, односно парчиња облека и модни детали го издржале тестот на времето и се популарни неколку децении, па дури и цел век откако првпат се појавиле на пазарот.
Карирана кошула, женски костум, класичен мантил – погледнете кои парчиња облека спаѓаат овде:
Широки панталони
Во 1920-тите и 1930-тите широките панталони ги носеле само најхрабрите жени, како Коко Шанел и Кетрин Хепберн, најмногу поради тоа што панталоните сè уште не се сметале како парче облека достојно за жени.
Веќе во 1960-тите модните правила почнуваат постепено да се менуваат, па сè повеќе и повеќе жени почнуваат да носат панталони, особено широки модели кои по малку наликуваат и на здолниште.
Поради добриот изглед, но и удобноста, широките панталони и денес се омилено парче на многу жени.
Класичен мантил
Првите мантили почнале да се носат уште во 19-тиот век, а брзо станале популарни помеѓу воените лица, како офицери. Во 1940-тите мантилите почнуваат да се пробиваат и во уличната мода, па стануваат важен дел од гардероберот на секоја жена.
Дури и денес, многу децении подоцна, мантилот е парче облека што го има скоро секоја жена.
Очила како очи на мачка
Овој модел на очила за сонце првпат се појавил во 1930-тите и речиси веднаш им станал омилен на жените.
Во 1960-тите моделот го прославуваат холивудските актерки, како Одри Хепберн, а очилата се популарни и денес и никогаш не изгледаат старомодно.
Карирана кошула
Удобните карирани кошули обично ги носеле американските дрвосечачи.
Во 1950-тите кошулите стануваат популарни кај жените, повторно благодарение на Одри Хепберн – актерката носи ваква кошула во филмот Sabrina, а на жените веднаш им се допаднало како изгледа.
Иако карираната кошула има претрпено неколку модификации – на пример, денес се носат пошироки модели – нејзината популарност никогаш не се намалила.
Марама/стегач на главата
Марамите за глава се моден детаљ што го сакале и жените од древните времиња. Веројатно претпоставувате дека во помодерно време, и марамите за глава се прославени благодарение на познатите дами, како Брижит Бардо и Грејс Кели.
Денес се носат марами и стегачи со секакви бои, дезени, украси, материјали…