Најпознатите модни додатоци на сите времиња – колку од нив поседувате?
Од бисери на Коко Шанел до омилените чевли „Маноло Бланик“ на Кери Бредшо, не постои сомнеж дека смело одбраните детали се еден од најважните фактори кога станува збор за физичката естетика.
Без разлика дали станува збор за парче накит што ви го одзема здивот, пар очила за сонце или чевли, сите се согласуваат дека вистинската галантерија може да го усоврши секој изглед.
„Додатоците се она што ја прави или означува жената“ е еден од цитатите за модата на големата Коко Шанел, додека Оскар де ла Рента уште повеќе го појасни нивното значење: „Жената сама ја изработува облеката со помош на модни додатоци“.
Особено за познатите личности, заштитниот знак не е само елемент на облеката, туку и парче кое често ја карактеризира нивната личност и стил.
На пример, кога зборуваме за прекрасни дијаманти нашата прва мисла е Елизабет Тејлор, додека преголемите очила за сонце и капи секогаш ќе бидат синоним за Џеки Кенеди.
Многу модни додатоци станаа легендарни благодарение на филмовите и ТВ-сериите: меѓу нив беа чевлите на „Маноло Бланик“ што Кери Бредшо ги обожаваше или високите чизми кои Џулија Робертс ги носеше во филмот Pretty Woman.
Во продолжение за вас ги издвоивме најлегендарните модни додатоци на сите времиња, кои вешто му пркосат на времето.
Колку и кои од нив ги поседувате?
Бисери – Коко Шанел
Крзнен шал – Мерилин Монро
Балетанки – Одри Хепберн
Венче за коса – Грејс Кели
Големи очила за сонце и марама – Џеки Кенеди
Бисерно ланче – принцезата Дијана
„Маноло Бланик“ – високи потпетици
Панделка – Бриџит Бардо
Округли очила – Ајрис Апфел
Високи чизми – Џулија Робертс
Мила М. | Црнобело