10 додатоци за ова лето
Модните експерти секогаш велат дека не треба да ја пратиме модата и да бидеме нејзини слепи робови, туку таа треба да не прати нас. Затоа ви одбравме...
...неколку унисекс парчиња со кои летово би и пркоселе на модата, би створиле нов тренд или пак би биле “ин“.
Поминете го летото уникатно и оставете свој печат во модата со парчиња слични на овие, верувајте, нема да згрешите.
1. Лед часовник. Повторно се актуелни Лед светлата кои се многу поефтини од сите останати и не трошат батерии. Овие часовници беа кул во култниот филм “Враќање во иднината“ , а бидејќи еве после толку години ја дочекавме таа “иднина“ нема да згрешите со купување на ваков часовник.
2. Маички со еквалајзери. Сигурно некаде на забава сте ги забележале оние маички кои “танцуваат“ во ритамот на музиката. Облечете ваква маичка на забавата на плажа и бидете сигурни дека и вие подеднакво како и дј-от ќе ги забавувате луѓето.
3. Шара со Британското знаме. Отсекогаш ова знаме било едно од најинтересните и најупотребуваните во модата. “Испринтајте“ го овој стил врз некој моден додаток или пак облека и ова лето чувстувајте се кралски.
4. Маички со ликови од цртаните филмови. Вашите јунаци од детство, ги носите насликани на себе и тоа излезени во диско- Бессценето. Одберете си маичка со вашиот омилен цртан лик или пак бидете креативни и направете си таква во најблиската печатница.
5. Очила за “бубалици“. Му се смеевте на другарчето што седеше позади вас на училиште бидејќи носеше очила со големи и смешни рамки ? Голема грешка. Овие очила денес се ултра популарни, во сите можни стилови и брендови. Ако сакате да делувате попаметно, професорски или пак едноставно ви се допаѓа моделот, изберете еден ваков тип на очила, нормално без диоптер.
6. Алки-каивчиња. Имате доволно слободно време и желба за правење нешто ново? Извежбајте ја својата креативност, побарајте низ дома стари ремени од мама и тато или ваши кои одамна сте ги прераснале и направете си ваква алка за рака. Дозволете и на вашата фантазија да креира нова модерна бразелента.
7. Кул крпа за на плажа. Изберете некој пешкир со ретро принтови, што повеќебојно, толку поинтересно. Побарајте некое пешкирче во хипи стил и развеселете ја плажата.
8. Уникатни мокасинки. И овде можете да ја искажете својата креативност,побарајте некои стари еднобојни мокасинки во подрумот, или пак купете ги од пазарче и насликајте нешто што ви се допаѓа. Ако не сте расположени за уметност, едноставно купете си еден пар од овие платнени патичиња и уживајте во топлото време боси.
9. Забавен мп3 плеер. Уживате да се печете на сонце и да слушате музика. Или пак сакате додека шетате низ туристичките места, да си ја потпевнувате својата омилена песна? Тогаш направете ја вашата музика позабавна и весела со необичен мп3 плеер кој би го отсликал вашиот темперамент.
10. Рубикова коцка. Ако не сте од оние што сакаат да читаат книга на плажа, да решаваат крстозбор или да играат некој спорт кој подразбира физичка активност, тогаш Рубиковата коцка е права работа за вас. Актуелизирајте ја оваа интересна играчка, поттикнете ги вашите пријатели да ви помогнат и нормално билдајте ги своите ментални способности. Доста добро и паметно за тепање време.