Костими за капење - лето 2011
Идеалниот костим за капење треба да прилега со својата форма, материјал и шара на вашата градба на телото и во прв план да ги стави атрибутите...
...а да ги прикрие физичките недостатоци.
Потрагата по тренди костим за капење во кој ќе се чувствувате привлечно и самоуверено, не е лесна задача. За да блеснете на плажа ова лето, ви предложуваме неколку модели на костими за капење.
Жените кои имаат нагласени облини, треба да одберат едноделни костими за капење со изразено деколте кое ќе стави акцент на горниот дел од телото.
За дамите со поголеми гради соодветни се цврсти корпи и потемни нијанси, а за оние со помали гради, горен дел во форма на триаголници кој се врзува околу вратот.
Ако сакате визуелно да го намалите обемот на задникот, одберете дводелни и двобојни костими за капење во кои горниот дел е посветол, а долниот дел е во потемна нијанса. За да го истакнете потемнетиот ден одберете маслинасто зелена, бордо или боја на песок.
Кога се во прашање овогодинешните трендови, главен хит е морнарската шара и бојата на морето. Ретро стил ги зафати и моделите на костими за капење. Оваа сезона на плажа ќе кокетираме со носталгијата по 50тите години.