Како да го одберете совршениот пар фармерки, без воопшто да ги пробувате?
Ако не ви се чека во редица или, едноставно, ве мрзи или немате време да пробувате во соблекувална, постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да го одберете совршениот пар фармерки за вас, без воопшто да ги пробате.
Може да биде вистински предизвик да го најдете совршениот пар фармерки, па затоа повеќето луѓе сакаат да ги пробаат пред да ги купат. Но, некогаш чекањето во ред, па и самото пробување, можат да бидат проблем, особено ако немате многу време.
За среќа, постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да го купите совршениот пар фармерки за вас, без воопшто да ги пробате:
Фармерки со висок струк
Ако купувате фармерки со висок струк, но, не ви се чека ред за пробување, постои начин да одредите дали ви се точни.
Едноставно, горниот дел од фармерките, односно струкот, ставете го на половината.
Ако струкот на фармерките опфаќа малку повеќе од половина од обемот на половината, тогаш би требало да ви бидат точни.
Обично овој трик функционира за сите, без разлика на формата на телото.
Фармерки со низок струк
Првиот трик можете да го искористите и кај фармерките со низок струк, само овојпат наместо на половината, поставете ги на колковите.
И овојпат, фармерките треба да опфаќаат малку повеќе од половина од обемот на вашите колкови.
Или, ако рамената и колковите ви се со приближно иста ширина, споредете ја ширината на рамената со ширината на фармерките (како на фотографијата).
Ако фармерките се малку пошироки од вашите рамена, би требало да ви бидат точни.
Обрнете внимание на страничните шевови
Секојпат кога купувате фармерки, добро погледнете ги страничните шевови на ногавиците.
Тие секогаш треба да бидат прави бидејќи, во спротивно, ќе направат вашите нозе да изгледаат чудно и непропорционално.
Материјал
Ако сакате фармерките да ви траат подолго, многу подобро е да одберете модел од порастеглив материјал.
Кога, пак, купувате тесни фармерки, најдобро е секогаш да бидат од растеглив материјал.
На овој начин ќе го избегнете истегнувањето и избледувањето на бојата на колената.
Комбинирање со чевли
Секојпат кога купувате фармерки, најдобро е да одите во продавницата со чевлите со кои планирате да ги носите најчесто.
На овој начин веднаш ќе знаете кој модел ќе изгледа подобро. Истовремено, многу полесно ќе ја одберете вистинската должина.
Притоа имајте на ум дека кај широките фармерки, најдобро е ногавиците да бидат околу 2 сантиметри над подот, а кај тесните – до глуждот.
Џебови
Ако имате облини и не сакате да ги истакнувате премногу, одбирајте модели со едноставни џебови, без украси и детали.
Ако, пак, сакате да го нагласите задникот, украсените џебови ќе ви помогнат во тоа.
Широки или тесни ногавици
Во овој случај имајте на ум дека фармерките со широки ногавици е најдобро да бидат подолги.
Бидејќи тие ѝ додаваат волумен на фигурата, кога ќе одберете модел со долги ногавици, ќе има некаква рамнотежа и нема да изгледате пошироко од вообичаено.
Тесните фармерки ќе ви стојат добро без разлика дали се до глуждовите или пократки.
Спирова С. | Црнобело