Заборавете на тесните фармерки - што ќе носиме во претстојната 2021 година (фото)
Многумина ќе се изненадат од податоците на онлајн продавницата MatchesFashion кои укажуваат дека побарувачката за фармерки се зголемила за 50% во текот на 2020 година, и покрај пандемијата и карантинот. Веруваме дека ситуацијата е многу слична и кај нас.
Фармерките едноставно се парче облека кое никогаш не излегува од мода.
Тесните „skinny“ фармерки полека заминуваат во заборав и ќе бидат заменети со удобни фармерки со широки ногавици.
Тие се веќе особено популарни помеѓу трендсетерките во последните неколку сезони, а акцентот во текот на наредната година ќе биде ставен на моделите што се порелаксирани, односно пошироки во делот на ногавиците, како и моделите на фармерки со растеглив материјал.
Всушност, станува збор за комфорни фармерки кои лесно се приспособуваат на силуетите и обезбедуваат удобност во текот на целиот ден.
Еве со какви модели ќе ги замениме тесните фармерки во наредната 2021: