Модни парчиња и додатоци што можат да го уништат вашиот изглед
Хулахопки со принтови
Ако станува збор за некаков апстрактен дезен, вашите нозе можат да изгледаат пошироко, па дури и валкано.
Ако сепак сакате хулахопки со дезен, подобро одберете некои со минималистички дизајн и геометриски форми.
Шпиц чевли со мала потпетица
Можеби овие чевли изгледаат елегантно, но ќе направат вашите стапала да изгледа многу поголемо.
Истовремено, во овие чевли стапалата и прстите се поставени во неприродна положба, што може да ви предизвика болка.
Сако со широки рамена
Овој тренд некое време владееше на модната сцена, но овие модели не се погодни за секого.
Ако имате тело со форма на круша, овие сакоа ќе ви помогнат да ги нагласите рамената и ќе ви стојат добро. Ако, пак, имате пошироки рамена, најдобро избегнувајте ги овие модели.
Огромна јакна
Можеби оваа јакна ќе ве стопли во зимските месеци, но мора да признаете дека овие модели најчесто изгледаат смешно.
Кратка тексас јакна
Слично како сакоата со широки рамена, и овие јакни можат да направат да изгледате пошироко. Затоа, подобро купете подолга јакна.
Спирова С. | Црнобело