Најчудните и најхрабрите трендови од 2000-тите кои се враќаат на модната сцена
Фустан врз фармерки
Ова е уште еден контроверзен тренд што ја освојува уличната мода.
Слоевитото облекување е вистинска уметност, па треба многу да се потрудите за да не изгледате смешно со ваква комбинација.
Необични бои на косата и „храбра“ шминка
Во доцните 90-ти девојките со задоволство користеа сенки и фарби со силни бои.
Оваа година се случува истото – жените ги користат боите за да се искажат и сè почесто можете да сретнете девојка со сина или розова коса.
Носење само сако
Можеби ова изгледа неверојатно, но во реалноста, носењето сако без ништо под него е ризично и непрактично.
Сепак, денес постојат безброј трикови и помагала што ќе ви ги држат градите на место и ќе го намалат ризикот од незгода.
Војнички принт
Војничкиот принт беше насекаде пред 20-тина години. Веројатно и вие сте имале барем еден пар панталони со ваков принт.
Во последно време, трендот повторно се прославува и можете да најдете секакви негови варијации.
Вратоврска
Се сеќавате на Аврил и нејзините вратоврски? На почетокот на 2000-тите речиси секоја тинејџерка го копираше овој изглед.
Годинава, вратоврските за жени повторно се повторно „ин“ и можете да ги носете со кошули, маици, блузи…
Тексас „од глава до пети“
Слушнавме безброј шеги за Џастин и Бритни и нивните тексас комбинации, но изгледа сега ќе ги копираме.
Денес тексас парчињата се популарни од кога било.
Тенки шалови
Овој шал нема да ве стопли, но може да го дополни вашиот изглед.
Освен на вратот, овие шалови можете да ги носите под коланот, па дури и во косата.
Обетки обрачи
Во 2000-тите секоја девојка имаше вакви обетки, во сите можни димензии. Долго време воопшто не слушнавме за овие обетки, но денес ги бараат сите.
Спирова С. | Црнобело