„Совршена“ фризура, лакирани чевли - Модни грешки што прават да изгледате постаро

Светло црвен или темен лак за нокти

Можеби со години црвениот лак за нокти се смета за класика, но овие нијанси само ги нагласуваат несовршеностите на дланките.

Истото важи и за темните тонови.

Ако сакате да ги лакирате ноктите, најдобро е да одбирате пастелни и неутрални бои. Ако сакате декорации на ноктите, геометриските форми се секогаш добар избор. Само, немојте да ги украсувате сите нокти.

sovrshena-frizura-lakirani-chevli-modni-greshki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-07.jpg

Маички со натписи

Облеката е одличен начин да се искажете себеси, но кога станува збор за маици со натпис, бидете внимателни.

Ако, на пример, купите блуза на која со огромни букви е испишано името на брендот, сигурно ќе изгледате како подвижна реклама.

sovrshena-frizura-lakirani-chevli-modni-greshki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-08.jpg

Пресериозен стил

Формалната облека е одлична за на работа, состанок и слични професионални активности. Но, во секојдневието, нема потреба да бидете спакувани во „сериозен“ костим.

Слободно одберете посветла облека, а ако сакате да носите костим, можете да го комбинирате и со патики.

sovrshena-frizura-lakirani-chevli-modni-greshki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-09.jpg

Хулахопки со боја на кожа

Многу жени купуваат хулахопки со потемна нијанса од онаа на нивната кожа. Но, ова ќе направи вашите нозе да изгледаат неприродно и може да ја уништи и најдобрата модна комбинација.

Од друга страна, никогаш нема да погрешите со црни хулахопки, без разлика дали се еднобојни или со суптилни дезени.

sovrshena-frizura-lakirani-chevli-modni-greshki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-10.jpg

Прекратка коса

Велат дека кратката коса подмладува, но ако претерате, можете да го постигнете спротивниот ефект.

Асиметричните фризури изгледаат многу подобро и се многу полесни за одржување.

sovrshena-frizura-lakirani-chevli-modni-greshki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg