„Совршена“ фризура, лакирани чевли - Модни грешки што прават да изгледате постаро

Коко Шанел рекла дека ништо не може да ја остари жената како исклучиво скапа и комплицирана облека. А денес, овој цитат како да има уште поважно значење.

sovrshena-frizura-lakirani-chevli-modni-greshki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-01.jpg

Многумина мислат дека токму скапата облека и „накитените“ комбинации ќе ги подмладат, но неретко, тие го прават спротивното.

Голем број жени прават модни грешки поради кои изгледаат постаро.

За да ги избегнете да оставите таков впечаток, погледнете кои се најчестите грешки:

Многу темна коса или жолто-руса нијанса

Многу темната коса може да ги нагласи промените на лицето кои настанале со возраста.

Истовремено, и русата коса со жолта нијанса може да направи да изгледате постаро. Причината е што со оваа нијанса косата изгледа неуредно и изгорено.

Ако сакате да експериментирате со боите, најдобро е да изберете две нијанси посветла боја од вашата. Ако, пак, сакате руса коса, заборавете на жолтите нијанси.

sovrshena-frizura-lakirani-chevli-modni-greshki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-02.jpg

Совршено комбинирање

Понекогаш, обидувајќи се да изгледаат модерно, жените се обидуваат да ги усогласат боите на облеката. Па, неретко одбираат облека и додатоци со иста боја.

Но, ваквото комбинирање може да направи да изгледате постаро. За да направите добра модна комбинација, не плашете се да си играте со боите. Понекогаш малку „неуредниот“ изглед е многу подобра опција.

sovrshena-frizura-lakirani-chevli-modni-greshki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-03.jpg

Лакирани чевли и модни додатоци

Сте слушнале ли дека во Охајо постои забрана за носење лакирани чевли бидејќи, наводно, на нив се рефлектирала долната облека?

И без оваа забрана, лакираните чевли и додатоци се тренд од минатото, па дефинитивно ќе направат да изгледате постаро.

Најдобро е да купувате чевли и чанти направени од велур.

sovrshena-frizura-lakirani-chevli-modni-greshki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-04.jpg

Совршено направена фризура

Совршените локни сите нè потсетуваат на 80-тите и 90-тите. Денес постојат многу подобри методи со кои ќе ѝ дадете волумен на вашата коса, без таа да изгледа како перика.

Доколку сакате виткана коса, најдобар избор е брановидната. Нема потреба да користите премногу продукти или да минувате часови пред огледало. Всушност, малку бушавата и неуредна коса секогаш изгледа подобро и сигурно ќе направи да изгледате помладо.

sovrshena-frizura-lakirani-chevli-modni-greshki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-05.jpg

Накит со лош квалитет

Пластичниот или стаклениот накит најчесто го носат мали девојчиња. Ако, пак, постара жена одбере ваков накит, сигурно ќе изгледа уште постаро.

Ова не значи дека мора да купувате скап накит од злато, сребро и слично. Дури и да купувате само бижутерија, гледајте да биде добро изработена, да нема премногу бои и да нема премногу украси и додатоци.

Сепак, помалку е повеќе.

sovrshena-frizura-lakirani-chevli-modni-greshki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg