„Бушаво“ крзно, кратки џемпер-фустани: Зимски трендови кои веќе не се во мода
Плетени беретки
Волуменозните плетени беретки веќе нема да бидат во мода оваа сезона, како и оние со премногу додатоци на нив. Наместо тоа, дизајнерите се фокусираат на класичните зимски капи.
Кратки џемпер фустани
Иако многумина нема да сакаат да се збогуваат со овој тренд, сепак кратките џемпер-фустани веќе нема да бидат во мода, а ќе се заменат со долги фустани со висок шлиц, од квалитетен мек материјал.
Тесни фармерки ставени во високи чизми
Иако за многумина тесните панталони и фармерки ставени во високи чизми се одлична модна комбинација, сепак дизајнерите за наредниве сезони преферираат пошироки модели на панталони во чизми со визина помеѓу глужд и колено.
Кратки чизми во облик на чорапи
Овие чизми со еластичен и мек материјал кои наликуваат на чорапи беа омилени за многу трендсетерки, но во наредните неколку сезони нема да бидат на листата со дозволени трендови.
Патики кои намерно изгледаат старо
Некои брендови во изминатата сезона понудија патики кои изгледаат како да се стари и износени, но не на сите им се допадна овој изглед, па трендот брзо избледе.
М. М. | Црнобело