„Бушаво“ крзно, кратки џемпер-фустани: Зимски трендови кои веќе не се во мода
Модните трендови постојано се менуваат, па ако сакате да бидете „ин“, добро е да знаете кои од нив е време да заминат во историјата.
Секако, не значи дека не смеете да ги носите, но можеби е подобро да ги замените со подобра алтернатива.
Модни трендови кои веќе е време да се заменат со нови:
Чупкави крзнени палта
Долгите влакна на крзнените палта создаваат необичен изглед, но сега е време да се заменат со помеки крзна во било која боја.
Огромни монтки
Големите монтки се вратија во мода, но брзо им помина, па иако трендот на прекумерно големи парчиња е уште „ин“, сепак овој модел се заменува со покласични.
Долги јакни со тесен крој и колан
Иако не е страшно ако уште ги носите долгите јакни со тесен крој и колан на половината, сепак ако сакате да бидете во тренд време е да ги замените со оние со покласичен и прав крој.
Кратки јакни декорирани со „богато“ крзно
До пред одреден период, во тренд беа јакните обложени со дебело вештачко крзно во разни бои, но сега тој тренд станува застарен. Сега брендовите преферираат јакни со мазна текстура и нежно крзно, налик овчо.
Целосно крзнени елеци
Уште може да носите елеци со крзно, но време е да ги спакувате оние слоевити меки крзнени елеци. Сега се преферираат во облик на кардиган со различни бои и текстури.