Мали трикови за убавина
Ова се совети кои најчесто ги даваат врвните козметичари, стилисти и визажисти. Како да се одржувате убави? 1. Сакате очите да ви изгледаат поголеми?
Немојте да користите темни сенки. Почнете со основа со боја на кожата, а потоа нанесете сенка за нијанса или две потемна од основата. Со прсти распоредете ја бојата кон веѓите.
2. Кога се обидувате да ги сокриете акните, дамките или ситните брчки, одберете боја која ќе неутрализира. На пример: коректор во боја на портокал е спротивставен на темните подочници. Коректор со благо зелена боја ќе го покрие црвенилото од акните. За разлика од пудрите, коректорите се главно направени од пигмент и не треба да ги нанесувате во голема количина.
3. Се обидувате да го сокриете уморот? Избегнувајте нанесување на подлога од пудра. Наместо пудра користете хидратантна крема, а потоа применете моливче со боја кожа за да го прикриете црвенилото околу очите.
4. Наутро е ладно во бањата, но немојте да ја загревате туш кабината. Топла вода во комбинација со ладна и сув воздух, создава груба и сува кожа. По брзото туширање нанесете хидратантен лосион.
5. Тајна за глатки и меки усни: употребете ја својата најдобра крема за очи. Но, бидете сигурни да содржи хидратантна формула.