„Забранети“ модни трендови
Свесни сме дека модата се менува од сезона до сезона, па так она што во една сезона е потполно неприфатливо често знае да стане нов моден тренд наредната.
Сепак, без оглед на тоа што овие 6 трендови се „допуштени“ можеби би било подобро да ги избегнувате:
1. Видливи прерамки од градникот. Пред неколку сезони станаа прифатливи, а минатото лето и модерни. Сепак, тие можат потполно да го упропастат добриот изглед.
2. Сало на стомакот и т.н. спојлери. Никогаш и не било во мода, но затоа тука се тесните фармерки да го истакнат. Ако носите премногу тесни фармерки можеби и ќе успеете да ги закопчате, но вашиот стомак ќе изгледа преголем и нема да личите на ништо. Не се обидувајте да влезете во фармерки број 27 ако носите 28.
3. Фармерки со низок струк. Задникот надвор не е убава слика за околината и за вас.
4. Чизмите УГГ во комбинација со тренерки. Сите сакаме удобност, но мислете малку и на визуелниот впечаток.
5. Детинеста облека и фризура. Повеќето жени сакаат младолик изглед, но постојан нешта кои едноставно ги надраснуваме. На 30 и 40 години сигурно дека не личи да носите кики или машнички во коса без да изгледате смешно.
6. Носите хеланки како панталони. Хеланките ниту се фармерки ниту панталони. Тие бараат горен дел на подрачјето на колковите и задникот. Може да ги носите во комбинација со кратки сукњички, подолги џемпери и фустанчиња.