Најпопуларни модели на панталони кои го одбележаа лето 2019
Иако во летната сезона најмногу ги сакаме фустаните и здолништата, тоа не значи дека одвреме-навреме нема да облечеме панталони.
А доколку немате идеја какви панталони да носите во лето, погледнете ги моделите што оваа сезона се вистински хит.
Кои панталони го одбележаа лето 2019?
Ленени панталони
Панталоните од лен се совршени за жешките летни денови. Овој лесен материјал ги прави панталоните навистина удобни, па ќе можете да ги носите и во најтоплите денови.
Кога станува збор за комбинирање, во зависност од моделот што ќе го одберете, можете да ги комбинирате за буквално секоја прилика.
Искинати бели фармерки
Белите фармерки отсекогаш биле популарни во летната сезона, а истото важи и оваа година. Но ова лето популарна е малку помодерна верзија – искинати бели фармерки.
Ова парче облека е идеално за секоја неформална прилика, а лесно можете да го комбинирате со разни маици, кошули и туники.
Морнарски панталони
Овој стил стана популарен во секоја сезона, особено во текот на летото. Морнарските панталони се со висок струк и со интересен детаљ – копчиња од страните.
Најдоброто кај овие модели е што прават да изгледате повисоко и помагаат во сокривањето на многу недостатоци.
Килоти
Како растат температурите, така им се зголемува популарноста на широките панталони, а едни од нив се и килотите. Овие панталони се навистина удобни, а широките ногавици ги прават идеален избор за жешките денови.
Најдобро е да ги комбинирате со потесни блузи и кошули.
„Palazzo“ панталони
Како и секое лето, и ова најпопуларни се таканаречените „palazzo“ панталони. Широките ногавици ги прават навистина удобни, а истовремено стојат одлично на сечие тело. Ова лето одберете модел со некоја силна и впечатлива боја.
Спирова С. | Црнобело