25 модни парчиња што секоја жена треба да ги има во својот гардеробер

Кратки панталони

Денес кратките панталони можете да ги носете насекаде. Во топлите летни денови, најдобриот опуштен изглед ќе го постигнете со кратки панталони.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-13.jpg

Платнени патики

Без разлика дали ќе го шетате кучето, ќе одите до продавница или на кафе, патиките се секогаш одлични обувки. Можете да ги носите секаде и да ги комбинирате со сè. Покрај тоа, во нив секогаш ќе ви биде удобно.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-14.jpg

Класична чанта

На секоја девојка ѝ е потребна класична чанта. Покрај тоа што во неа можете да ги чувате вашите предмети, класичните чанти му додаваат елеганција на вашиот изглед.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-15.jpg

Црни хеланки или хулахопки

Некои жени воопшто не сакаат да ги покажуваат нивните нозе. Некои носат панталони, хеланки и долги здолништа, а некои одбираат хулахопки. Доколку е студено или не ви се допаѓа изгледот на вашите нозе, црните хулахопки се овде за вас.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-16.jpg

Удобни рамни чевли

Слично како и патиките, и рамните чевли се погодни за секоја прилика. Можете да ги носете со фустан, кратки панталони или добар пар фармерки.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-17.jpg

Класично здолниште

Класичните здолништа доаѓаат во секоја боја и должина. Можете да ги комбинирате со сандали, чевли со високи потпетици, па дури и чизми.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-18.jpg

Бела кошула

Белите блузи можете да ги комбинирате со сè. Исто така тие се одлична основа за секој изглед и ќе ви овозможат да ги истакнете модните додатоци.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-19.jpg

Пиџами

Времето одвоено за вас ќе ви биде многу поудобно со пар меки пиџами. Најдете го моделот што ви се допаѓа најмногу и опуштете се.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-20.jpg

Црни салонки

Како и другите парчиња на листава, и црните салонки стојат одлично во многу комбинации, без разлика дали ќе одите на работа, на прошетка, па дури и на училиште.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-21.jpg

Мал црн фустан

Малиот црн фустан е задолжително парче за секоја жена која не сака да се грижи што ќе носи на важните настани и состаноци. Одберете го моделот што најдобро ви стои и никогаш нема да погрешите.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-22.jpg

Маица

Маиците се навистина корисно парчиње облека. Можете да ги покриете со блејзер или кардиган за формални настани, а можете да ги комбинирате и за опуштено излегување. Маиците се одлични дури и за на плажа.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-23.jpg

Темни фармерки

Секоја жена сака различни модели на фармерки. Некои сакаат тесни, некои пошироки, а некои сакаат фармерки со висок струк. Кој и да е вашиот омилен модел, вреди да инвестирате во пар темни фармерки.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-24.jpg

Бела блуза со кратки ракави

Иако блузите со кратки ракави доаѓаат во сите бои, белите се оние што можете да ги комбинирате најмногу. Кога не знаете што да облечете, облечете бела блуза, одберете некој моден додаток и подготвени сте за излегување.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-25.jpg

Удобна долна облека

Можеби никој нема да ја види вашата долна облека, но сигурно ќе се чувствувате поубаво кога ќе одберете убави модели. Најдобрата долна облека за вас е онаа што прави да се чувствувате удобно и секси.

25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-26.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Идеи како да ја вметнете во стајлингот бојата на есен 2024 (фото) Бургунди или бордо е бојата која е хит за есен 2024, а ако немате идеи како да ј...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg