25 модни парчиња што секоја жена треба да ги има во својот гардеробер

Постојат некои модни парчиња што би требало да ги има секоја жена. Сепак, способноста да ја комбинирате целата облека во вашиот гардеробер е знак дека сте модна кралица.

25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-01.jpg

Нема потреба да имате огромен гардеробер полн со најновите модели за да изгледате добро.

Сè што ви е потребно се овие 25 основни парчиња:

Костим за капење

Дури и ако сте многу далеку од плажа, во вашиот град сигурно има базен каде што можете да се искапете. Па добро е да имате барем еден костим за капење или еден пар бикини во вашиот гардеробер.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-02.jpg

Класичен зимски капут

За студените месеци добро е да имате квалитетен зимски капут што ќе го чувате внимателно.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-03.jpg

Чевли со високи потпетици

Високите потпетици прават вашите нозе да изгледаат подолго, иако неретко се болни за носење. Чевлите со боја на кожа најлесно ќе ги комбинирате со сè, а за посвечен изглед одберете сребрени или златни чевли со ремчиња.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-04.jpg

Мала металик чанта

Секогаш имајте мал металик чанта за моментите кога треба да изгледате гламурозно. Нема потреба да трошите многу и одберете некој едноставен модел.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-05.jpg

Накит и модни додатоци

Можеби дијамантите се најдобриот пријател на жената, но немојте да трошите пари на нив. Наместо тоа, купете повеќе полу драги камења и ќе имате накит за повеќе прилики.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-06.jpg

Коктел фустан

Навистина е фрустрирачки да ве поканат на забава а да немате фустан за носење. За да го избегнете овој проблем, најдобро е да имате барем два свечени фустани.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-07.jpg

Црни чизми

Практични и модерни, црните чизми можете да ги комбинирате со многу парчиња. Од фармерки до комбинации со фустани, речиси не можете да погрешите со овие обувки.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-08.jpg

Шал со принт

Шалот не е само за да ве топли. Можете да го користите како додаток што ќе ја дополни вашата комбинација.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-09.jpg

Лесен кардиган

Кога малку ќе залади, кардиганот е одлично парче што ќе ве стопли. Исто така одлично се комбинира со фустани, блузи, маици, па дури и свечени фустани.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-10.jpg

Летен фустан со дезен

Понекогаш едноставно сакате да изгледате женствено и да се дотерате. Но понекогаш сакате да носите нешто едноставно, но елегантно. Во овие случаи летните фустани се совршениот избор.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-11.jpg

Црн блејзер

Блејзерите се одлично парче облека за на работа и за променливо време. Понекогаш блејзерот е клучното парче што ја дополнува комбинацијата.

 25-modni-parchunja-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-vo-svojot-garderober-12.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Идеи како да ја вметнете во стајлингот бојата на есен 2024 (фото) Бургунди или бордо е бојата која е хит за есен 2024, а ако немате идеи како да ј...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg