Ирина Шајк, Бела Хадид и Каја Гербер со казино-инспириран изглед ја презентираа новата Moschino колекција
Ирина Шајк во аутфит инспириран од казино, Каја Гербер во аутфит со долар-принт – моделите прошетаа на писта сo огромни перики, во екстравагантни аутфити од новата колекција на Moschino.
Дизајнерот на Moschino веќе има претставено колекции инспирирани од брза храна и Барбики, па овој пат ја претвори модната писта во казино, а моделите дефилираа во аутфити со принтови од пари и казино игри.
Ирина Шајк, Бела Хадид и Каја Гербер беа дел од моделите кои прошетаа на пистата на диско музика и позираа покрај слот машини и скапи автомобили.
https://www.instagram.com/p/BuKID_JBJci/
Екстравагантноста на колекцијата есен-зима 2019/20 на Moschino не заврши тука, па на модната писта можеа да се забележат чанти во форма на чекови, паста за заби, пегла, фен и ручек-оброци.
Како изгледаа најпознатите модели во новата колекција на Moschino: