7 типови на градници кои секоја жена треба да ги поседува и 3 од кои треба да се ослободи
Истражувањата покажуваат дека голем дел од жените носат погрешен број на градник, независно од причината.
Некои, мислат дека градите ќе им изгледаат поубаво со поголеми корпи или со потесни кои ќе ги притискаат.
Други пак, не сакаат да пробуваат и купуваат било каков градник, што всушност неправилно им ги држи градите.
А, има и такви, кои можеби ќе го погодат бројот, но користат ист градник за секоја пригода, секаков тип на облека и независно дали градите или обемот им се намалува или зголемува со тек на време.
Но, мора да бидете внимателни и обликот и големината на градникот да бидат складни со обликот и големината на градите, за да не му наштетите на здравјето.