10 модни апликации за iPhone

10-modni-aplikacii-za-iphone-povekjeВашиот iPhone е вистинско мало чудо, а со неколку добри модни апликации може да го претворите во личен моден советник кој ќе ви помогне да го...

 

...изберете својот моден стил.

Ова се најдобрите модни апликации за iPhone.

1. Style.com

10-modni-aplikacii-za-iphone-1

Он-лајн изданието на најпрестижното модно списание Vogue нуди бесплатна апликација која ќе ви биде редовен извор на свежи модни вести. Може да ги следите најпопуларните модни писти на светот, а може да гледате и интересни видео исечоци и да проверите што е актуелно меѓу ѕвездите.

2. TouchCloset

10-modni-aplikacii-za-iphone-2

Колку и да се трудите вашиот плакар секогаш е во неред? Заради тоа често заборавате не тренди парчињата кои се кријат под најдрагите маици. Со оваа апликација ова не може да ви се случи. Со нејзина помош можете да го организирате својот плакар на својот iPhone и секогаш да знаете што имате во него. Сликајте ги најдрагите парчиња, знајте каде и кога сте ги облекле. А, кога ќе одите на шопинг секогаш може да проверите дали таа зелена маица ви одговара со сукњата која ја имате дома.

3. Chanel

10-modni-aplikacii-za-iphone-3

Шанеловата бесплатна апликација е задолжителна за сите љубителки на оваа престижна модна куќа. Со неа секогаш ќе знаете што е актуелно, ќе уживате во видео исечоци, најнови фотографии од модните писти, а нема да пропуштите ниту еден моден додаток на Шанел.

4. Star Styles

10-modni-aplikacii-za-iphone-4

Со помош на оваа бесплатна апликација ќе можете да ги следите своите најдраги ѕвезди. Не само што може да проверите што носат, апликацијата дава и предлози како евтино да копирате одреден стајлинг.

5. Gucci

10-modni-aplikacii-za-iphone-5

Мода, музика, патување и шоу - Frida Giannini и Mark Ronson креирале бесплатна апликација за модната куќа Гучи која не само што нуди модни вести и фотографии, туку и можност за гледање на музичкиот канал Гучи.

6. IShoes

10-modni-aplikacii-za-iphone-6

За сите вљубенички и зависнички од чевли, ова е бесплатна апликација со која може да истражувате преку 50.000 чевли, да ги следите најновите трендови, да ги проверите деталите на најдрагиот модел, но и да купувате. Ако ви е потребен совет од најдобрите пријателки, преку Facebook може да проследите што мисли за вашите новоизбрани чевли.

7. Chicfeed

10-modni-aplikacii-za-iphone-7

Обожавате модни блогови, но немате време да ги следите сите? Оваа бесплатна апликација нуди најдобри стајлинг фотки од најпознатите блогови како што се The Sartoralist, Face Hunter и Altamira и уште многу други.

8. Net-a-porter

10-modni-aplikacii-za-iphone-8

уксузна мода на дофат на рацете. Со бесплатната апликација на најпознатиот луксузен он-лајн центар, ќе знаете што е најново во соседните земји. Нуди и совети за стајлинг.

9. Shopstyle

10-modni-aplikacii-za-iphone-9

Со помош на оваа бесплатна апликација ќе имате при рака тренди продавници и дизајнерски марки.

10. StyleCaster

10-modni-aplikacii-za-iphone10

Ги облековте омилените чевли и почна да врне? Го заборавивте шалот затоа што мислевте дека ќе биде топло? Со помош на оваа бесплатна апликација ова нема да ви се случи. Преку вашата локација одредува какво е времето и советува што да облечете.

Би можело да ве интересира:

Удобни летни парчиња што ги има во гардероберот на секоја Скандинавка (и се секогаш тренди) Балетанки, лелеави здолништа и широки кошули – која друга летна гардероба е удоб...
Модерна класика на ревиите на трите најголеми штипски модни брендови на Shtip Fashion Days 2024 Три модни ревии на три штипски текстилни компании ја одбележаа втората вечер на ...
Тренди накит кој ќе му даде луксузна нота и на наједноставниот изглед Чокери, масивни алки, бисери во некласична форма - накитот кој го носите, иако к...
16 светски ѕвезди кои избраа кул обувки за црвениот тепих (наместо класични салонки) Шер, Ирина Шајк и Серена Вилијамс се само дел од светските ѕвезди кои ги кршат „...
На сцена провокативна и секси, дома во пижами и без шминка - Како се менува стилот на Антониа Гиговс... За настапи е секогаш беспрекорно средена, знае да спои и неспоиви комбинации, а ...
Највпечатливите аутфити на Скопски моден фестивал 2024 (фото) Неколку екстравагантни изданија, многу класика и елегантни комбинации и доминаци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg