6 причини заради кои не можете да си најдете соодветни фармерки
Потрагата за соодветни фармерки веројатно е една од најтешките. Има толку голем избор, а сепак, на секој модел нешто му недостасува.
Додека едни ви го прават задникот преголем, други ви се пократки отколку што треба, а веќе при пробување на третиот пар, знаеме да се откажеме.
За да не губите време залудно, ве насочуваме како да си ги најдете соодветните фармерки најбрзо и најлесно.
1. Обрнете внимание на должината на струкот
Не се водете слепо само по броевите. Имајте на ум дека висината на струкот значително може да го промени начинот на кој ви стојат фармерките.
Па, покрај мерењето на должината, измерете ја и висината на струкот и делот кај колковите.
Доколку имате позаоблено стомаче, секогаш одберете го моделот со повисок струк.
2. Внимавајте на поставеноста на џебовите
Кога бирате фармерки, не заборавајте да се завртите и да се погледнете одзади. Избегнувајте модели кои имаат големи џебови кои завршуваат под задникот.
Моделите со помали задни џебови кои не се преклопуваат под задникот ќе ви ја направат фигурата попривлечна.
3. Не купувајте модели кои ви се малку широки во струкот
Колку и да ви се точни во должина, фармерките не смее да се ниту сантиметар пошироки во струкот.
4. Добро разгледајте го страничниот раб
Страничниот раб е посебно важен кога купувате тесни фармерки. Ако е нерамен и искривен, покрај тоа што фармерките може да ви бидат неудобни, може и визуелно да го наруши изгледот.
Купувајте само модели чиј страничен раб е рамен и ја следи линијата на ногата.
5. Пробувајте ги со облеката која планирате да ја носите
Колку пати сте се увериле во тоа дека едните исти фармерки не стојат добро со бела кошула и со дебел џемпер? Затоа, пред да ги купите, пробајте ги со слично парче облека со кое планирате да ги носите.
6. Фармерки се купуваат 2 часа по јадење
За да избегнете било какви непријатни изненадувања откако ќе ги купите фармерките, најдобро е да ги пробувате 2 часа по завршување со оброкот.
М. Д. | Црнобело