10 работи кои ќе направат другите да се восхитуваат на вашиот вкус за мода
Бралет, кимоно, свилени марами, кои се триковите за да изгледате како дама со префинет моден вкус?
За да успеете да правите совршени комбинации потребно е да обрнувате внимание и на најмалите детали.
Комплетната слика оддава впечаток дали сте жена со стил.
Работи кои ќе направат другите да се восхитуваат на вашиот вкус за мода:
Часовник
Покрај тоа што е моден додаток кој го истакнува нежниот женски зглоб, часовникот е практичен и покажува дека сте жена која го цени своето време.
Свилена марама
Со свилената марама ќе оддадете впечаток дека сте жена полна со младешка енергија. Марамата стратешки поставете ја на делот од телото кадешто сакате да привлечете внимание.
Бисери
Елегантните и префинети бисери се резервирани за најелегантните жени. Од обетки до ѓердани, тие се добредојдени во како моден додаток, но внимавајте со какви парчиња облека ги комбинирате.
Облека со животински принт
Животинскиот принт ќе даде разиграна нота во вашиот изглед, но со него мора да бидете многу внимателни. Треба да изгледате убаво, а не вулгарно.
Кимоно
Ова парче облека не е резервирано само за во лето, со добро комбинирање може да го носите и како дел од вашиот деловен стајлинг. Со принт или монохроматско, изборот останува на вас.