10 работи кои ќе направат другите да се восхитуваат на вашиот вкус за мода
Очила
Понекогаш очилата може да ги носите само како моден додаток. Изберете убава рамка и привлечете го вниманието кон вашите очи.
Турбани
Ако сакате мистичен изглед, ставете турбан на главата. Не плашете се да експериментирате за да видите што прилега најдобро на вашето лице.
Бралет
Со бралетот ќе бидете впечатливи и женствени. Комбинирајте го со џемпери, фармерки и обичните комбинации направете ги посебни. Но, не претерувајте со провокативноста.
Облека во машки стил
На прв поглед може ви изгледа дека панталоните или палтото во машки стил може да ви ја сокријат фигурата, но тие всушност на ефикасен начин може да ја истакнат вашата женствена привлечност. За да го постигнете ова, играјте на карта машки стил со доза на сензуалност преку вметнување на женствени модни додатоци.
Асиметрична облека
Асиметричните парчиња облека визуелно може да ги променат пропорциите на телото. Со нивна помош може да ги нагласите вистинските делови од телото како нозете, деколтето или вратот.
С. С. | Црнобело