10 модни заповеди од холивудските стилисти како да бидете шик 24/7
Белата боја и хоризонталните риги носете ги мудро. Марамата носете ја како моден додаток, а не само кога ви е студено.
Ако сакате да изгледате стилски како вашите идоли, тогаш треба да ги следите советите на холивудските стилисти.
Модни заповеди од нив:
1. Изберете ги вистинските хоризонтални риги, така што ќе ви додадат визуелно кај градите и задникот, а нема кај стомакот.
2. Користете само едно XXL парче облека во стајлингот за целосната слика да изгледа хармонично, а не хаотично.
3. Не носете широки ремени ако сте ниски, тие се резервирани за високите жени со долго торзо.
4. Додадете модни додатоци во впечатливи бои, без разлика дали се тоа чевли, накит или чанта.
5. Комбинирајте ја белата боја на правилен начин со другите бои и така истакнете го делот од телото што ви е најсилен адут.