Со или без чорапи: Како правилно се носат 10 различни модели на машки чевли?
Старки
Со чорапи или без: Не постои строго правило. Направени се да се носат на боса нога за да одговараат совршено околу стапалото, но може и да се носат кратки чорапи.
Со што се носат: Од спортска облека до кежуал стил и ретро елементи – слободата е голема, но најдобро стојат со потесни панталони.
Патики
Со чорапи или без: Со чорапи за да може да ја заштитат ногата од потење и гребење. За секојдневно носење се комбинираат со чорапи малку над глужд, а за професионалци со повисоки чорапи.
Со што се носат: Тренерки, спортски панталони, карго панталони, фармерки, шорцеви во комбинација со лежерен горен дел.
Кожени чевли на мала штикла со врзување
Со чорапи или без: Во повеќето случаи овие чевли бараат високи чорапи со дезен, а исклучок е ако се носат во лежерна комбинација со обични панталони или фармерки.
Со што се носат: Темните чевли се носат со бизнис одело, но не смокинг. Светливе бои одат и во комбинација со покежуал панталони или фармерки.
Чевли со каиш наместо врвци
Со чорапи или без: Зависи од периодот во годината, материјалот и моделот. Светлите модели од превртена кожа се носат на боса нога, а темните класични модели бараат чорапи од квалитетен материјал.
Со што се носат: Тесни панталони кои соодветствуваат на фигурата, распар одело, блејзер
Оксфордки
Со чорапи или без: Исклучиво со чорапи. За официјални бизнис средби, подобро е да одберете чорапи со боја на панталоните, а за неформалните пригоди може да си дозволите контрастни бои.
Со што се носат: Црн смокинг, аристрократска сива или чоколадна боја на бизнис одело или смарт кежуал комби нација.
М. М. | Црнобело