Со или без чорапи: Како правилно се носат 10 различни модели на машки чевли?
Иако некои мажи не се оптоваруваат со мода и за секоја прилика носат обични патики, има и такви кои сакаат да поседуваат повеќе модели на чевли.
Мажите кои носат различни модели на чевли често се соочуваат со еден предизвик – со кои чевли се носат чорапи и какви?
Иако на некои можеби ова им изгледа на неважно, сепак изгледот е многу важен и понекогаш изгледот на чевлите е залуден ако се погрешно комбинирани.
Затоа во продолжение нудиме водич за сите мажи – кои чевли се носат со чорапи и со какви?
Мокасини
Со чорапи или без: Без чорапи, посебно ако површината на чевлите е со дупки и материјалот се проѕира. Во други случаи, може да се носат со кратки чорапчиња до глужд.
Со што се носат: Панталони, шорцеви до колена со лесни бои и природни материјали.
Бродарици
Со чорапи или без: Дефинитивно без чорапи.
Со што се носат: Со било каква облека погодна за шетање на брод, јахта или покрај море, посебно панталони со светли бои и поло маичка.
Кожни мокасини со мала штикла
Со чорапи или без: Со чорапи, ако ги комбинирате со бизнис одело, а за разлика од класичните чевли, овие може да се носат со чорапи во контрастни бои. За покежуал аутфит, не мора да се носат чорапи.
Со што се носат: Со бизнис одела без кравата, со фармерки или тесни панталони.
Еспадрили
Со чорапи или без: Без чорапи. Еспадрилите пропуштаат воздух и нозете се потат помалку.
Со што се носат: Секаква летна машка гардероба, освен облека за на плажа или за бизнис пригоди.
Ниски тенки патики без врзување
Со чорапи или без: Без чорапи – ако облечете чорапи со овој модел тоа е знак за лош вкус.
Со што се носат: Голем број на комбинации за на плажа, прошетка или кежуал бизнис облека.