12 лоши стилски навики кои прават да изгледате како маж без вкус
Капут со крзно
Крзното на капутот ќе направи да изгледате демоде, ќе ви додаде години и килограми.
Заменете го со капут со класичен крој.
Комбинирање на јакна и костим
Комбинацијата на класични чевли, костим и спортска јакна изгледа смешно, особено ако сте дипломат или работите во некоја финансиска институција. Не оддавате слика на сериозност.
Наместо ова облечете капут или, веќе ако сте толку голем фан на јакните, тоа нека биде јакна од некој понеутрален материјал.
Кожени јакни со многу декорации
Со кожена јакна со многу детали ќе изгледате како моторџија.
Наместо тоа облечете едноставна кожена јакна или пак одлучете се за тексас јакна. Доколку сакате да бидете во чекор со трендовите и не сакате едноставна јакна, тогаш сетете се на трендот логоманија.
Ремени со големи токи
Големи впечатливи токи на ремените е тренд што одамна е заминат во минатото и нема наскоро да се врати.
Класичниот ремен е одличен избор во секоја пригода.
Чевли и чорапи во контрастни бои
Ова особено важи за комбинирање на црни чорапи и бели патики или црни чевли и бели чорапи. Контрастот на темни и светли тонови ќе ви ја уништи целата комбинација.
Одберете чорапи кои ви се во слична нијанса со чевлите.
Сламени шапки
Времето на сламените шапки истече. Ако сакате да се заштитите од сончевите зраци најдобро е да ставите бејзбол капче.
Монохроматско и од природен материјал и имате полн погодок.
Прочитајте ги и 10-те лоши стилски навики на жените!
С. С. | Црнобело