12 лоши стилски навики кои прават да изгледате како маж без вкус
Некои мажи едноставно не можат да запомнат дека не се носат црни чевли со бели чорапи, дека ремените со голема тока заминаа во заборавот и дека претесните фармерки веќе не се ИН.
Машката мода се менува подеднакво брзо како и женската, но посилниот пол не секогаш успева да го следи темпото што го наметнуваат модните дизајнери и трендсетери.
Некои лоши стилски навики прават да изгледате како маж без вкус:
Кошула под тенок џемпер
Не, немаме ништо против комбинирањето на кошула и џемпер, но сме против комбинирањето со премногу тенки џемпери. Тие се некако транспаренти, а копчињата оддолу се познаваат многу.
Особено неуредно изгледа ако мажот има некој килограм плус.
Костими со дезени како завеса
Не треба да изгледа дека костимот ви е изработен од ист материјал како завесите и тапетите во домот или пак како театарските завеси. Особено непријатни за очи се светкавите материјали со дезени.
Одберете едноставен монохроматски костим и ќе изгледате навистина стилски. Ако сакате експерименти, тогаш одберете во посветла нијанса, виолетов или во боја на вино.
Маици со длабок отвор
Разголеноста во пределот на градите, особено кога се гледаат влакната во тој реон, е навистина несоодветно. Маиците со длабок отвор кај вратот останаа во минатото.
Дури и да ви е топло не смеете да се одлучите за ваков крој, најдобро е да се концентрирате на правилен избор на материјали, како што е памукот.
Тесни фармерки
Трендот на тесни фармерки полека си заминува. Наместо залепени за телото, изберете фармерки кои само благо се стеснуваат и оставаат кожата да ви дише.
Тренерки за во град
Треба да запомните дека тренерките се за спортување, а не за на љубовен состанок.
Сепак, ако не сакате да се откажете од спортскиот стил одберете памучни тренерки кои слободно паѓаат, а не тесни.
Шорцеви со многу џебови
Тие никогаш не биле во тренд, но мажите упорно ги купуваат и ги носат. Направени од синтетички материјали и со многу непотребни џебови, овие шорцеви се во ред можеби само за на риболов.
Наместо нив одберете шорцеви со едноставен крој од природни материјали.