10 совети за жените во 30-тите: Како да се облекувате младешки, но не како тинејџерка?
Тенка е границата меѓу младешкиот и тинејџерскиот изглед, а ако сте жена во 30-тите години, не би сакале да ја преминете.
За да се облекувате соодветно своите години, за да изгледате пристојно и младешки истовремено, ви помагаме низ 10 едноставни совети.
Бидејќи сигурно не сакате да изгледате како незрела тинејџерка, туку како зрела жена, внимателно читајте:
1. Ранци и чанти – секогаш нека имаат строги линии и „возрасни“ бои и принтови
2. Кратки маички – носете ги само со здолништа со висок струк
3. Тесни фармерки – најдобро стојат со високи потпетици, чизми до глужд, високи чизми или патики.
4. Тесни фустани – секогаш подобар избор се фустаните кои се стеснети само кај струкот
5. Патики со фустан – внимателно со ризични комбинации како цветни фустанчиња. Патиките најдобро изгледаат со фармерки или минималистички фустани.