14 модни трикови за освежување на изгледот кои секоја жена треба да ги знае
Речиси секоја жена во некој момент од денот, неделата, месецот си помислува како нема што да облече, иако гардероберот е преполн со гардероба.
Во тие ситуации нема да ви помогне шопингот и новите парчиња облека, туку овие неколку едноставни трикови кои ќе ви го освежат изгледот.
1. Дополнете ја комбинацијата со шешир во светла нијанса. Тоа е единствениот аксесоар кој може за дел од секунда да го трансформира изгледот.
2. Заменете ги хеланките со пар припиени фармерки. Хеланките се практични и удобни, но ништо не е пооригинално од тесните црни фармерки под туниката.
3. Префрлете го шалот преку раменици, наместо да го врзувате. Така ќе додадете доза опуштеност и лежерност во комбинацијата.
4. Обичната чанта носете ја во рацете како плик. Нема ништо поженствено.
5. Заврзете кравата наместо да ставите ланче. Понекогаш, на вашиот изглед му недостасува храброст.
6. Заврзете го сакото со свилена трака. На тој начин обичното сако може да се претвори во оригинална наметка.
7. Обојте ги усните како палтото и чантата. На пример, црвен кармин, црвено палто и црвена чанта на синџирче.
Уште 7 модни трикови на следната страна...