Пролетен шик за сите момци и девојки: Тексас јакна на 30 начини (фото)
Различните модели на тексас јакни се носат во секоја прилика и се вклопуваат во сечиј стил - од лежерни модели со детали, па до панк-рок јакните со нитни и кожа.
Модните експерти оваа пролет ви порачуваат да се подновите барем со 1 модел кој можете да го носите на повеќе начини.
Оваа година беше во знак на преголемите палта и јакни, па зошто да не ја продолжите традицијата со една XXL тексас јакна.
Поиграјте си со волуменот, комбинирајте ја со тесни фармерки или девојките со тесно здолниште.
Тексас сакото е исто така добредојдено, баш како и моделите од „износен“ тексас. Сигурни сме дека имате барем една јакничка која ја носевте уште во средно. Сега, повторно можете да ја извадите од кесата во која ја чувате.
Во постудените пролетни денови можете да ја носите и како кошула, под омиленото палто од кое сè уште не може да се одвоите.
За удобен изглед комбинирајте ја со омилениот пар фармерки, памучна маичка и патики, или за поелегантен изглед комбинирајте ја со кошула со принт и елегантни панталони или здолништа со висок струк.
Предноста е што тексас јакната не мора да ви се вклопува со ниту едно друго парче облека за да изгледа шик и модерно.
Соберете некоја идеја и изгледајте подобро од било кога: