7 нови начини како да ја носите марамата оваа зима
Шаловите и марамите се речиси неизоставен дел од стилот и изгледот на повеќето девојки и жени. Интересен моден детаљ кој го има во најразлични бои, дезени, големини, модели и материјали и кој може да го комбинирате скоро во секоја прилика.
Даваат интересен, впечатлив и софистициран изглед, а со оглед на тоа колку различни модели има, секоја девојка може да биде уникатна на свој начин.
Зависно од она што го носите, марамата или шалот може да ги преврзете на неколку начини.
1. Полумашна
Префрлете го шалот преку рамото. На едниот крај направете лабав јазол, а другиот крај превиткајте го на пола. Протнете ја таа половина низ јазолот и затегнете онолку колку што ви одговара.
2. Квадрат
Префрлете го шалот преку рамото и замотајте го еднаш околу вратот. Краевите поврзете ги на онаа висина која ви одговара.
3. Бабушка
Помала марама превиткајте ја како триаголник и префрлете ја преку главата, а краевите врзете ги под брадата.
Уште 4 скици на следната страница...