8 причини поради кои вашите чевли изгледаат евтино
5. Премногу цврсти, груби и метални детали не изгледаат убаво
Освен ако постојано не ви е таков стилот, кога одбирате чевли или чизми со мали ремени и метални додатоци или патенти, внимавајте да ги има колку може помалку, за да изгледаат поженствено и пософистицирано.
6. Износени се
Нема ништо понепривлечно од изгребани, искинати и износени чевли. Бидете сигурни дека ако вие забележувате некоја гребнатинка и другите ќе ја забележат. Доколку тие ви се омилените, не мора да ги фрлате, но барем однесете ги кај чевлар за делумно да им ја врати убавината.
7. Имаат премногу материјал кој ви се набира
Многу тешко веројатно е да најдете вистински кожни чизми, кои ќе бидат од вистинска кожа и добро ќе изгледаат. Најчесто е тоа имитација и најчесто моделите имаат и повеќе материјал од потребното, па изгледаат несредено и недоволно елегантно. Запомнете го секогаш правилото дека помалку е повеќе.
8. Премногу светат
Без разлика на моделот ако се премногу сјајни, особено во некоја боја која не е црна или беж, тогаш ќе изгледаат премногу евтино. Внимавајте, доколку сакате чевли во сина, розева или чолта боја, никако не одбирајте да лакирани.