8 причини поради кои вашите чевли изгледаат евтино
Девојките и жените се познати по манијата која ја имаат за речиси секој модел на чевли. Но, не сите можат да си ги дозволат најдобрите.
Сепак, тоа што купувате со ограничен буџет, не значи дека треба да купите какви било, туку со помош на некои клучни детали може да најдете некои слични на скапите кои толку ги посакувате.
Постојат неколку правила според кои треба да се водите кога купувате нови чевли и треба да внимавате на некои грешки кои укажуваат на евтини модели:
1. Имате многу висока платформа
За жал, колку ви е повисока платформата, толку поевтино изгледаат чевлите. Ако баш морате да носите вакви чевли, обидете се да најдете некои со скриена платформа или со многу тенка. Сепак, оние кои немаат платформа изгледаат најженствено и најсофистицирано.
2. Не ви се точни
Кога не ви е погоден бројот или калапот на чевлите, не само што изгледа чудно, туку ви пречи и во одењето. Без разлика колку се убави чевлите, ако не ви се точни, не ги купувајте.
3. Изгледаат накитено
Деталите се секогаш проблематични. Дури и скапите модели може да изгледаат евтино ако не се направени на вистинскиот начин. Одберете едноставни модели во бојата која ви се допаѓа, наместо некои со дополнителни додатоци.
Ако сакате анимал принт одберете чевли кои се целосно покриени со таква шара, наместо оние кои имаат само неколку такви ременчиња, а останатите сосем различни.
Ако сакате светкави чевли, наместо некои со детали и циркони, одберете едноставни само во металик боја.
4. Не можете да одите правилно со нив
Кружењето наоколу и нестабилноста на високи потпетици, воопшто не изгледа убаво. Дури и ако ви се врзани околу зглобот, сепак не е убаво ниту за стапалата, ако не можете правилно да одите.
Ако не можете да одите на многу високи потпетици, подобро одберете пониски и чекорете сигурно, отколку да ви се превиткува ногата на високите потпетици.
Уште 4 знаци зошто чевлите ви изгледаат евтино на следната страница...