Кралицата Елизабета носи исти чевли веќе половина век! (фото)
Бајката за Пепелашка неодамна ја оживеа приказната на Ана Винтур која веќе долги години носи еден ист модел на чевли специјално дизајнирани за неа, а ја продолжува кралицата Елизабета.
Кралицата е позната како модерна дама која ја негува елеганцијата и префинетоста и постојано на себе има костими и палта со интересни дезени вклопени со совршени аксесоари. Но, кога се работи за чевлите - игра на сигурно.
Кралицата има 4 пара исти чевли кои ги носи веќе 50 години. Слугите во палатата се задолжени да го пронаоѓаат истиот модел речиси половина век.
Според медиумите кои ја истражуваа зависноста на кралица, открија дека овие црни лаковани чевли на средно висока потпетица, украсени со синџирче чинат точно 1.000 фунти.
Црните чевли се рачно изработени во западниот дел на Лондон, во салонот "Anello & Davide."
За разлика од Пепелашка чии чевли беа стаклени, со висока потпетица, на кралицата удобноста и е на прво место.