Тренди моден хит: Машка кошула на женски начин
Време е за стилски предизвик. Ако често имате навика да ја позајмувате облеката ан вашето момче за низ дома, сега може и да ја покажете надвор. Потребни ви се малку идеи и правилен начин за да ја искористите.
Можеби тоа нема да му се допадне нему, покрај сите ваши парталчиња, што сега стигнавте и до неговите кошули, но на некои момци може да им изгледа и слатко и секси.
Научете како машката кошула да ја носите на женски начин. Ова не е воопшто кич ако случајно се двоумите дека некој може да ви се потсмева.
Слободно додавајте детали и комбинирајте на различни начини. Бидете автентични и стилски. Освен тоа, ова е најнов моден тренд на улиците и време е да го примените.
1. За почеток може да позајмите кошула во сина боја или некоја обична со интересен дезен. Неа може да ја вклопите во некој пастелен стајлинг . Потребна ви е блуза во белузлава боја и здолниште до колена. Некои впечатливи сандали и подготвени сте.
2. Машката кошула исто така може да ја комбинирате со елегантни црни панталони, но во овој случај високите потпетици се задолжителни. Се разбира белата класична кошула може да ја дополните со впечатлив накит.
3. Машка кошула и џинс е одлична спортско елегантна комбинација за самоуверени девојки со стил.
4. Најелегантната варијанта е комбинација на обична машка кошула и обичен црн фустан. Софистициран и подеднакво шик изглед кој може да привлече многу погледи.