Diesel ги мотивира танчерите низ светот да заиграат со JOGG JEANS

diesel-gi-motivira-tancerite-niz-svetot-da-zaigraat-so-jogg-jeans

Италијанскиот моден бренд Diesel веќе неколку сезони по ред, наоѓа  иновативен начин за да промовира своите производи притоа ангажирајќи и креативно инспирирајќи ги младите луѓе ширум светот, преку организирани настани во комбинација со активација на социјалните мрежи.

diesel-gi-motivira-tancerite-niz-svetot-da-zaigraat-so-jogg-jeans-1

Проектот ‘A-Z of Dance’ започна со динамично видео кое на еден интересен начин прикажува дел од 26 светски познати танци и стилови, одиграни од врвни професионалци кои додека играат ги носат таканаречените Diesel jogg jeans – хибриден модел на фармерки со специфичен дизајн кој овозможува леснотија во движењето, а направени од комбинација на тексас и трико. Овие иновативни фармерки однадвор изгледаат како стандарден модел направен од тексас, додека пак внатрешноста овозможува удобност и растегнување како кај спортската облека.

diesel-gi-motivira-tancerite-niz-svetot-da-zaigraat-so-jogg-jeans-2

Видеото е режирано од страна на Џејкоб Сатон, а снимено на крововите на неколку висококатници во Лос Анџелес. Во него учествуваат актуелни танчери или танчерски групи, па така можеме да го забележиме Soul Step тимот кој фасцинираше со својата изведба на ревијата на Рик Овен која остави најголем впечаток за сезоната пролет/лето 2014, Никол “The Pole” Вилијамс – ѕвездата од спотот ‘Pour It Up’ на Ријана, Левана Меклин која настапуваше со Фарел Вилијамс на Brit Wards и други.

Носејќи го уникатниот производ на Diesel овие млади луѓе на енергичен и разновиден начин покажуваат  дека движењето и стилот се совршени партнери за успешно живеење.

Проектот на магазинот ‘i-D’ и Diesel ќе продолжи со кастинг (преку испратени видеа на социјалните мрежи со хаштаг #joggjeans или #iDdance) за танчерски таленти од целиот свет кои потоа ќе бидат вклучени во нова танчерска азбука, односно ново видео кое за разлика од првото ќе ги вклучи овие млади и можеби неоткриени таленти.

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
7 трикови што ќе ви помогнат од око да ги изберете најквалитетните фармерки Обрнувате ли внимание на рабовите, големината на алките за ремен или на нитните?...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg