6 работи кои не сте ги знаеле за вашиот градник
На некој начин, градниците се најдобар пријател на вашите гради. Меѓутоа, многу жени не ги знаат тајните на омиленото парче долна облека и дури 80% од нив секојдневно прават погрешен избор.
Затоа, ви ги откриваме 6-те тајни на вашиот градник кои никогаш не ги ни претпоставувавте:
1. Никогаш нема да знаете кој број на градник носите
После пробувањето на различни модели на градници, од различни произведувачи сфативте дека ви одговараaт корпи со големина 80B, но и со големина 75C?
Големината на корпите не е стандардна, односно зависно од брендот таа се разликува. Затоа, тешко дека можете да знаете кој број на градник носите.
2. Прерамките не ги придржуваат градите
Всушност, таа функција ја има траката која ја закопчувате. Добар тест за ова е да го закопчате градникот и да ги тргнете прерамките.
Ако градникот не се помрдне, тогаш го носите вистинскиот број, но ако градникот го чувствувате несигурен, тогаш тежината на градите ја носите на прерамките, а со тоа и го оптеретувате грбот.
3. Градниците со жици не предизвикуваат рак
Веќе некое време кружат неточни информации дека градниците со жици ја зголемуваат можноста за рак на градите, затоа што токму тие ги притискаат лимфните жлезди.
Меѓутоа, слободно вратете им се на градниците со потпора, затоа што сега постои теорија која го оспорува ова тврдење.
4. Во ред е да спиете со градник
Сè додека ви е удобно, со него можете да правите што и да посакате. Посебно ако имате големи гради, се препорачува да спиете со градник кој ќе ги задржи градите цврсти.
5. Големината на градникот во текот на животот се менува
Целото тело ви се менува, а со тоа и големината на градникот. Научниците дури тврдат дека големината на градникот се менува 3 до 6 пати годишно.
Внимателно следете ја секоја промена предизвикана од тежината, хормоните и циклусот.
6. Градникот има рок на траење
Понекогаш и на вашиот градник му е потребен одмор. Експертите тврдат дека не е паметно да го носите истиот градник 2 дена по ред, затоа што еластичноста се губи. Потребен му е најмалку 1 ден да се врати во првобитната форма.
Крајниот рок на секој градник истекува 1 година по купувањето, имајте го тоа на ум.