Неуништливи штикли - сон на секоја жена!

Ништо не е потажно за една девојка од моментот кога треба да се ослободи од своите омилени, но веќе износени штикли. За да го спречи тоа еден дизајнер на чевли креираше штикли кои се доволно силни да ги издржат и следните илјада години.

ova-se-stikiliteshto-ke-gi-nosite-slednite-1000-godini-1

Штиклите се неверојатно модерни и удобни иако се направени од истиот материјали од кој се прават ножеви и виљушки.

Направени од нерѓосувачки челик и чисто сребро, обложени со силикон за да бидат флексибилни и да можат да се приспособат на стапалото.

ova-se-stikiliteshto-ke-gi-nosite-slednite-1000-godini-2

Нивната цена е неверојатни 1.000 фунти, но бидејќи ова се чевли кои не можат да се распаднат или да бидат уништени, тие се навистина добра инвестиција.

Дизајнирани се од Крис Шелис, на кого му беа потребни две години за да го создаде своето ремек дело. Тој со секој пар штикли нуди гаранција од 1.000 години, со што жените ќе можат ова мало богатство да им ги предадат на своите внуки.

Покрај тоа што изгледаат убаво и се неуништливи, тие се и многу удобни, моделите при тестирањето ги носеле и по 10 часа на ден без да почувствуваат ни најмала болка во стапалата.

Девојки дали вие би посакале еден пар за себе?

ova-se-stikiliteshto-ke-gi-nosite-slednite-1000-godini-3

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg