Оваа пролет се носи тексас на 101 начин (фото)
Лежерен, тесен, женствен, светол, темен... без оглед на тоа каква боја и форма има, џинсот е парче материјал кое никогаш не излегува од мода.
Наместо да се задоволите со неколку пара фармерки или шорцеви, оваа пролет тексасот може да го носите на најмалку 101 начин.
Фармерки со машки крој во комбинација со високи шпиц потпетици, тексас здолништа со цветни кошули или пак нијансиран тексас од глава до петици - изборот е само ваш.
Оваа пролет сè е дозволено, па добро разгледајте каков тексас имате во вашиот гардеробер. Украсете го со аксесоари и впечатливи бои и ќе добиете најмалку 10 добитни комбинации.
Ако и понатаму не сте сигурни како би направиле моден погодок, еве неколку предлози: