Совети за облекување за ниски девојки

Иако се вели дека најдобрите работи доаѓаат во мали пакувања, кога се работи за висината, никому не би му штетел некој сантиметар плус. Ниските девојки може да изгледаат многу добро, но голем проблем е тоа што на нив секој килограм плус веднаш се забележува.

soveti-za-oblekuvanje-na-niski-devojki-01

Ако ве интересира како да изгледате малку повисоки, без вртоглави потпетици, можеби треба да искористите некој совет при изборот на облеката.

Одбирајте вертикални линии

Кога купувате облека со дезен на штрафти и линии, избегнувајте хоризонтални линии кои само ве шират и визуелно ве скратуваат. Вертикалните дезени  и издолжени модели кои ја следат линијата на телото се идеално решение.

soveti-za-oblekuvanje-na-niski-devojki-1


Заборавете ги мини здолништата

Предолгото здолниште лесно може да ве „проголта“, но немојте да мислите дека премногу краткото здолниште ќе ви го даде спротивниот ефект. Всушност, ако облечете мини, може да изгледате уште пониско, бидејќи тоа ви ги пресекува нозете на најширокиот дел. Идеалната должина е малку над колената.

soveti-za-oblekuvanje-na-niski-devojki-2


Носете тенок колан

Иако дебелите и широки колани делуваат привлечно, за ниските девојки тие не се најдобар избор. Тенкиот и дискретен колан ќе го истакне вашиот струк, а при тоа нема да направи да изгледате ниско.

soveti-za-oblekuvanje-na-niski-devojki-3


Рамни и тесни фармерки

Ваквите фармерки и панталнои ја стеснуваат и издолжуваат ногата. Најдобар избор се фармерките со темни нијанси. Во секој случај, избегнувајте ѕвончести и широки панталони.

soveti-za-oblekuvanje-na-niski-devojki-4


Фустани кои се пресечени на струкот

Долгите или кратки фустани кои се пресечени или постегнати околу струкот прават вашите нозе да изгледаат подолги, а со тоа и целата фигура. Но, пробајте и панталони или здолништасо висок и длабок струк кои имаат фантастичен ефект на продолжување.

soveti-za-oblekuvanje-na-niski-devojki-5


Избегнувајте впечатливи дезени

Големи и силно впечатливи принтови не се препорачливи за ниските и слаби девојки, бидејќи целосно ќе се изгубат во него. Секогаш одлучувајте се за некои поситни детали.

soveti-za-oblekuvanje-na-niski-devojki-6

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
Летни модни трикови со кои ќе изгледате совршено, без разлика каков тип тело имате Не избегнувајте темни бои и немојте да носите многу тесни и кратки здолништа. ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg