Пролетен тренд: Мокасинки во силни бои
Во новите пролетни колекции на обувки освен вртоглаво високи потпетици и шпиц кондури, сè поприсутни се рамните, лежерни мокасинки.
Кога мокасинките за прв пат се појавиле во ’30те години на минатиот век, биле симбол на луксуз и елеганција, а до ден денес се одраз на шарм и одличен стил.
Многу жени и мажи ги сметаат за премногу класични и конзервативни, но факт е дека се удобни и практични, а воедно добро се вклопуваат во различните стилови и модни комбинации.
Отмената лежерност на мокасинките е нивна најголема предност, а идеални се за комбинирање со фармерки, панталони, фустани и здолништа од лесни материјали.
Оваа сезона доминираат мокасинките од превртена и лакирана еко кожа, а што се однесува до боите и дезените дозволени се силните бои, цветните и животински принтови, како и комбинацијата од интензивни тонови.
Еве во какви модели ќе може да уживаат урбаните мажи и жени оваа пролет: