Какви балетанки ќе се носат оваа пролет? (фото)
Балетанките се најудобните пролетни чевли кои секоја девојка ги има во барем 5 бои и дезени. Изгледаат слатко и неодоливо, одлично го надополнуваат секој изглед и со нивна помош секоја модна комбинација изгледа стилизирано и модерно.
Трендовите на балетанките оваа пролет нема многу да се променат, барем не во однос на минатата сезона.
Единствена промена е што оваа пролет ќе уживате во благ шпиц, за разлика од претходната кога апсолутен хит беа моделите со остри врвови.
Исто така, и понатаму модерни се балетанките со шпицови поразлични од останатиот дел на обувката, односно шпиц со различна боја, материјал, дезен...
Кој е вашиот омилен модел за оваа пролет?