10 хит модни трендови за пролет/лето 2014 година
Модните дизајнери веќе се застапени на сите значајни модни недели каде ги најавуваат трендовите за пролет/лето 2014 година.
Она што може да се забележи како заедничко и најприфатливо од повеќето колекции, се забележуваат јасни изразени линии, смислени дезени и посилни бои.
Се забележуваат и некои ретро моменти, комбинирани на модерен начин. За секого може да се најде по нешто и да се одбере каков стил најмногу му одговара за овој период.
Ви ги издвојуваме најзначајните парчиња кои ќе ви послужат како ориентир за првиот шопинг
1. Пролетни чизми
Ова е совршена комбинација на сандали со висока потпетица и чизмите во кои ја чувствувате најудобно и најцврсто ногата. Мора да ги имате.
2. Шешири
Ивес Сент Лорен го започна овој тренд и некако не можеме тукутака да го одминеме. Шеширот кој во секој момент ќе ви даде погламурозен и попрепознатлив изглед ќе може да го носите и оваа пролет.
3. Мини чанта
Малата чанта која ја носите преку вашето рамо, не ви зафаќа премногу простор и не ви тежи. Доволно служи како паричник и мал несесер за шминки кои ви се неопходни.
4. Црно-бела комбинација
Оваа класична комбинација е вечна. Не можете да згрешите. Особено се популарни геометриските структури и изразени линии во овие две бои.
5. Долг ѓердан
Добро изгледа со која било комбинација. Најчесто можете да го пронајдете во две бои и тоа ќе биде задолжителен детаљ за пролетта 2014 година.
6. Пеплум
Практичен и стилски модел кој ги покрива сите ваши недостатоци. Особено практичен за девојките кои сакаат да ги скријат широките колкови, малите гради и да ги истакнат рамениците.
7. Рамни панталони
Ваквиот модел на панталони е класика. Многу се пријатни за носење а може да бидат еднобојни или во повеќе бои. Особено се практични и одлично изгледаат како дневна облека.
8. Одело со дезен
Духот на 70-тите е повторно тука. Панталони со малку подолго сако и едноставна маичка можат да бидат полн погодок со кој не може да останете незабележани.
9. Мини здолниште
Како што ќе се зголемуваат температурите, така се скусуваат здолништата. Макси здолништата не се веќе во мода, а своето место им го отстапуваат на мини здолништата кои ќе ги истакнат и издолжат вашите нозе.
10. Торби со јасни рабови
Мали, средни или големи, не е важно. Единствено важно е да имаат јасно изразени рабови кои ќе ви дадат посебно елегантен и дамски изглед.